Skip to main content

Во Карловац, Хрватска, се огласија сирените за општа опасност

Наредена е евакуација на населението

 |  инфодеск  | 

Во Карловац, Хрватска, околу пет часот утрово е прогласена вонредна состојба поради високиот водостој на Корана и Купа, што подразбира и можна евакуација на дел од населението, ги известила медиумите портпаролката на градот Карловац Ана Жупанчиќ Жунац.

Во 9 часот се огласиле сирените за општа опасност, а од рано наутро се спроведуваат акции за спасување од поплави.

Експертските служби на Хрватски води го известиле штабот за заштита и спасување на Карловачката жупанија дека во горниот тек на на реките Корана и Купа забележан е надпросечен пораст на водостојот кој го надминува и оној од февруари оваа година. Проекциите на можните водостои би можеле да бидат поголеми од оние во февруари кога беа поплавени околу илјада куќи, се предупредува во извештајот.

Штабот известува дека постоечките насипи на реката Корана треба да се надоградат а предупредува и превзема мерки на сите критични делови каде е потребно да се спроведе можна евакуација на населението.

{loadposition content9}