Skip to main content

Технолошки генијалци кои освен парите имаат и нешто друго заедничко

Што е заедничко за овие милијардери

 |  инфодеск  | 

Бројни технолошки генијалци како Bill Gates, Steve Jobs или Mark Zuckerberg не сакале да ја чекаат дипломата, туку рнао го напуштаат факултетот и основале фирми – останатото е историја.

Интересно е тоа што некои од поранешните и сегашни шефови на најголемите технолошки компании го прекинале факултетското образование и отворале свој бизнис, а благодарение на тоа сега вртат милијарди долари. На Business Insider објавиле попис на најпознатите шефови на IT компании кои го напуштиле факултетот и основале фирми.

Bill Gates– Во 1973 година почнал со студии на Harvard, но по две години го прекинал образованието и со Paul Allen одлучиле да ја стартуваат Microsoft со која денес е тежок неверојатни 81 милијарда долари. На чело на Microsoft бил до 2000 година, а денес е активен во компанијата како технолошки советник на извршниот директор Nadell.

Michael Dell – Студирал биологија на универзитетот во Тексас, но сепак се одлучил да се посвети на најголемата своја љубов – компјутерите. Dell Computer ја основал во 1984 година и со тек на време фирмата ја претворил во право компјутерско царство кое му носи богатство од 19 милијарди долари.

Mark Zuckerberg – Овој 30 годишен човек сега тежи 34 милијарди долари, но и тој во младоста го напуштил Harvard за да се посвети на развојот на социјалната мрежа која на почеток била наменета само за поврзување меѓу студентите. Денес Facebook го користат повеќе од 1,3 милијарди луѓе, а пазарната вредност на компанијата е поголема од 200 милијарди долари.

Jack Dorsey – Исто како и Zuckerberg и Dorsey го напуштил факултетот за да се посвети на развој на социјалната мрежа Twitter. Освен што е еден од основачите на оваа мрежа, тој е и извршен директор на Squaer и неговото богатство се проценува на 2,8 милијарди долари.

Paul Allen – го напуштил факултетот во Вашингтон по две години за да стане програмер во Honeywell а потоа се здружил со Bill Gates и со него ја основал Microsoft. Allen е голем љубител на спортот и е сопственик на Portland Trailblazers, Washington Seahawks и делумичен сопственик на Seatle Sounders.

Evan Williams – Само една година бил на факултетот Линколн во Небраска и одлучил да го прекине образованието и да се посвети на стартап проектите. Тоа се покажало како одлична идеја бидејќи Williams е еден од основачите на Twitter и сега тежи повеќе од 3 милијарди долари.

Jan Koum – До неодамна беше прилично непознат на пошироката јавност. Факултетот го напуштил за да се вработи во Yahoo каде останал 9 години, сѐ до 2007 година. Потоа ја основа WhatsApp на која по аквизицијата на Zuckerberg чија вкупна вредност изнесуваше 19 милијарди долари, наводно заработил 7 милијарди долари.

Dustin Moskovitz – На Harvard го запознал Zuckerberg со кој станал цимер и му помогнал за развојот на Facebook. Тој е прв вработен на оваа компанија а благодеарение на компанијата, неговото богатство сега се проценува на 8,1 милијарди долари.

{loadposition content9}