Skip to main content

Поплави во Словенија и Босна и Херцеговина

Илјадници куќи под вода и загинати двајца

 |  инфодеск  | 

Во Босна и Херцеговина околу 500 куќи се под вода на подрачјето на Босанска Градишка, а 250 во Приједор. Околу илјада куќи под вода се и во Словенија.

Околу 1000 куќи во Словенија се под вода а поплавите однесоа и два животи. По 17 годишната актерка, пронајдено е и телото на нејзиниот 30 годишен роднина по кого се трагало откако со службениот автомобил на националниот автоклуб паднале во надојден ендек со вода.

Евакуирани се многу луѓе а на терен се 2000 пожарникари и 60 припадници на цивилната заштита, а на помош е дојдена и словенечката армија. Големи количини на вода поттикнаа и многу одрони на земјиштето. Опасноста не е помината иако водостоите на реките стагнираат. Во источна и средна Словенија ситуацијата е малку подобра од претходниот ден, а црвениот аларм останува само во делот на сливот на реката Крка чии притоки и понатаму растат. Тој дел од земјата го посетил и словенечкиот претседател. “Државата и владата треба да одлучат кој и колку е одговорен за чистење на водотоците и кога ќе има вакви обилни врнежи да не доаѓа до вакви ситуации. Постојат работи со кои, без оглед на силината на природата, човекот не може да се носи. Државата пак е одговорна од друга страна во такви околности да превземе мерки да не биде уште полошо”, изјавил словенечкиот претседател Борут Пахор.

Во БиХ поради излевање на Сана под вода се 250 куќи во Приједор. Пожарникарите им помагаат на месното население во испумпување на водата од поплавените домови. Сава поплавила 500 куќи на подрачјето на Босанска Градишка, а водостојот и понатаму расте.

{loadposition content9}