Skip to main content

Три тајни на Steve Jobs кој водат кон успех

Ако работите нешто за да ги инпресионирате другите ве чека бесконечна збрка

 |  инфодеск  | 

Секогаш кога зборуваше за идеи, Steve Jobs никогаш не го губеше сјајот во очите, пишува Inc.com

Така беше и неколку недели пред неговата смрт, кога одлучил да сподели три идеи кои на моногумина би можеле да им помогнат во работењето.

-Отфрлете го своето его барем еднаш дневно – Немојте да им судите на другите и престанете со самокритика. Послушајте од другите што треба да смените за да ги достигнете своите соништа. Тоа претставува голем предизвик бидејќи се работи за комбинација од амбиции и понизност.

Бидете крајно амбициозен во својата страст – Ова е благослов и проклетство во едно. Опсесијата да се живее својот сон е огромна работа, но ароганцијата е голема слабост. Jobs така признал дека многу добри идеи нептребно ги игнорирал во 90-тите кога кариерата во Apple му стагнирала.

Бидете благодарни кон другите, но не чинете го тоа за да ги инпресионирате – Постојат многу критичари кои намерно или ненамерно ги саботираат вашите амбиции затоа што ќе им било мило ако не успеете. Ако работите само за да инпресионирате некого, ве чека бесконечна збрка. Не влегувајте во нешто ако не ви е јасно дека тоа ви е навистина важно.

{loadposition content9}