Skip to main content

Шкотланѓаните рекоа НЕ за независност

Шкотска е против отцепување од Обедиетото кралство

 |  инфодеск  | 

Конечните резултати од референдумот  ќе се знаат подоцна, но од 16 од вкупно 32 регии, националистите победиле само во две. Спрема пресметката на Reuters, против независноста се изјасниле 56% избирачи, иако резултатите од најголемите градови не се преброени.

На берзите во Азија фунтата бележи пораст, а унионистите по делумните резултати почнале да слават. “Се чини дека на референдумот ќе победи опцијата против, но пред нас е уште долг пат”, рекол министерот за финансии Danny Alexander, по поекло Шкотланѓанец.

“Тоа е добра вест за Шкотска и за Обединетото кралство, но и почеток за сериозна задача Шкотска да добие повеќе овластувања кои ѝ се потребни”, додал Alexander.

Иако делумните резултати одат во прилог на заговорниците за останување во унијата, потребни се уште неколку часа за да се пребројат гласовите од најголемите шкотски градови кои најверојатно ќе ја одредат судбината на Обединетото кралство.

Последната анкета на интернет портлот “What Scotland Thinks” вели дека поддршка од 52% имаат поддржувачите за останување а за независност 48% од гласовите.

Еден од лидерите за независност на Шкотска го признал поразот на историскиот референдум. “Како и илјадници луѓе ширум Шкотска го вложив своето срце и душа во оваа кампања и чувствувам длабоко разочарување што загубивме тесно”, изјавил за BBC, Nicola Sturgeon, заменик лидер на кампањата на Шкотската национална партија.

{loadposition content9}