Skip to main content

Директна закана кон Ватикан од Исламската држава

“Ќе го освоиме вашиот Рим, ќе ги искршиме вашите крстови и ќе ги поробиме вашите жени”

 |  инфодеск  | 

Исламската држава во својот пропаганден весник Dabiq објавила директна закана кон Ватикан. На насловната страница е објавена монтажа на знамето на Исламската држава на врвот на обелискот во средината на плоштадот на св.Петар. Со монтажата стои наслов – “Пропадната крстоносна војна”.

Со ова Исламската држава ги споредила западната коалиција, предводена од САД, со средновековните крстоносни војни. Спрема нивното толкување сите луѓе од запад потекнуваат од Рим, колевката на христијанството и поради тоа Рим и Ватикан се симболичната мета.

Во весниците се цитира и портпаролот на Исламската држава, Мохамед  ал-Аднан. “Ќе го освоиме Рим, ќе ги искршиме вашите крстови и ќе ги поробиме вашите жени со благослов од Алах. Ако ние тоа не го направиме навреме, тогаш тоа ќе го направат нашите деца и внуци и ќе ги продаваат вашите синови како робови”, стои во цитатот.

Освен директните закани, во овој пропаганден весник се повикуваат симпатизерите на Исламската држава да ги убиваат луѓето од западните земји секаде каде за тоа имаат можност. “ Во оваа фаза, на крстоносна војна, важно е да напаѓаме во секоја држава која влегла во сојуз, посебно САД, Велика Британија, Франција, Австралија и Германија. Секој муслиман би требало да излезе од дома, да пронајде крстоносец и да го убие…Исламската држава ќе опстане сѐ додека знамето не се завиори над Рим”, стои во статијата, а пренесува International Business Times.

{loadposition content9}