Skip to main content

Фаблетот на Google е конкурент на iPhone 6 и Note 4

Фаблетите станаа популарни мобилни уреди

 |  инфодеск  | 

 

Последните неколку години фаблетите станаа популарни мобилни уреди – иако овие хибриди помеѓу смартфон и таблет со екран од 5,5 инчи за многумина се преголеми, за нив има голема побарувачка, а некои аналитичари сметаат дека токму фаблетите ќе ја намалат продажбата на помалите телефони. Овој тренд го почна Samsung со својот модел Galaxy Note, а поради големата нивна продажба, го натераа Apple оваа година да претстави фаблет со екран од 5,5 инчи.

 

И покрај проблемот со виткањето, некои информации говорат дека iPhone 6 Plus има голема продажба, а првата рецензија на Galaxy Note 4 зборува дека тоа е најдобриот телефон на Samsung, односно спрема новинарите на Engadget – најдобар телефон со голем екран. iPhone 6 Plus и Galaxy Note 4, вчера добија голем конкурент во фаблетот на Google Nexus 6 кој има дијагонала од дури 6 инчи. Овој мобилен уред е базиран на неодамна претставениот Moto X на Motorola и работи со 2,7 GHz четворојадрен Snapdragon 805 процесор, има 13 MP камера со оптичка стабилизација, предна камера од 2 МР, батерија со капацитет од 3220 mAh, а ќе се испорачува во верзии од 32 и 64 GB меморија.

 

Како и секогаш кога се во прашање новите телефони на Google кои ги развива во соработка со мобилни партнери, и Nexus 6 работи на најновата верзија на Android 5 Lollipop која наскоро ќе биде достапна и за други модели на смартфони кој работат на Android. Новата верзија на Android носи нов дизајн и нови опции меѓу кои треба да се одвои заштедата на батеријата која може да го продолжи траењето на батеријата за 90 минути.

 

Nexus 6 доаѓа со Turbo Charger опцијата на Motorola која за полнење на батеријата од 15 минути овозможува околу 6 часа работа на телефонот. Овој телефон ќесе продава по цена од 649 долари, што е многу висока во однос на поранешните модели на Nexus. Новиот Nexus на Google ќе може да се нарачува во САД од 29 октомври, а во продажба се очекува на почетокот од ноември.

{loadposition content9}