Skip to main content

Што крие црната актовка на претседателот Путин?

Актовката привлекува внимание со својата содржина

 |  инфодеск  | 

Со рускиот претседател, Владимир Путин, на патувањата секогаш се двајца морнарички офицери кои ја носат неговата црна актовка која привлекува внимание со својата содржина.

Станува збор за “атомскиот ковчег” во кој е уред со кој Путин може да лансира ракети со атомски боеви глави, пишува Telegraf. Рускиот претседател никогаш не се дели од него, ниту кога патува во посети на други земји.

Кодното име на нуклеарната актовка е “Cheget”. Таа е споена со посебен комуникациски систем со кодно име Кавказ кој поддржува комуникација помеѓу високи функционери во моменти кога се носат одлуки за употреба на нуклеарно оружје.

На рускиот претседател актовката секогаш му е при рака во било кој момент, а спрема некои информации ваков примерок на ковчег имаат и министерот за одбрана и началникот на генералштабот.

{loadposition content9}