Skip to main content

На Converse му е доста од лажни “старки”

Converse тужи 31 компанија, а меѓу нив и познати брендови на пазарот за трговија

 |  инфодеск  | 

Брендот на Nike, Converse, тужи 31 компанија меѓу кои се и светската малопродажна компанија Wal-Mart и производителот на спортски обувки Sketchers. Тие тврдат дека овие компании продаваат копии на планетарно популарните обувки.

Дека ова Converse го мисли сериозно покажува и тоа дека освен пред судот на американската држава NewYork, тужба поднел и до меѓународната комисија за трговија. Покрај тоа што Converse, кој е купен од Nike во 2003 година, бара материјална отштета од тужените компании, велат дека им е приоритет конечно да ги тргнат сите фалсификати од полиците на дуќаните ширум светот. Затоа поднеле тужба и до Меѓународната комисија за трговија, која може да го запре увозот во САД на било која обувка за која се смета дека е фалсификувана.

“Целта нѝ е да престанат овие работи”, истакнал Jim Calhoun, претседателот на управниот одбор на Converse, нагласувајќи дека Converse е американска икона на која сите би требало да се горди.

Како што пишува NewYork Times, скоро пред 100 години Converse  влегол во бизнисот со спортска опрема, многу пред Nike, Adidas и Reebok. Имено, Converse своите први патики ги наменил за кошаркарите, а моделот All Star го претставиле во 1917 година. Тој модел веќе во 1920 година станал многу популарен ширум САД, а за неговиот огромен извозен успех е заслужен Hollywood. Имено, “старките” ги носел John Travolta во Брилијантин, но и Силвестер Сталоне додека како Роки се припремал за боксерските мечеви.

И покрај тоа што “старките” станале дел од поп културата, нивната популарност не била постојана и на периоди доаѓала и исчезнувала.Така во 1990 година Converse отишол во стечај, а повторно застанал на нозе откако го превзеде Nike. “Старките” повторно биле популарни со потезот Nikeда ја прошири франшизата со воведување на нови бои и дезени. “Истовремено стануваше збор за нешто сосема ново за младите генерации кои одлично ги прифатиja старо/новите патики”, рекла за NewYork Times, Ellen Goldstein, професорка по дизајн на Институтот за модна технологија (FIT) во NewYork.

Converse пред да биде превземен од страна на Nike отстварувал околу 205 милиони долари приход од продажба. Меѓутоа во фискалната 2014 Converse  отстварил 1,7 милијарди долари приход од продажба, што не е занемарливо ниту на ниво на Nike, кој во истиот период има приходи од 28 милијарди долари. Инаку во Converse проценуваат дека досега ширум светот продале околу милијарда примероци на “старки”.

{loadposition content9}