Skip to main content

Стравични фотографии пронајдени на телефонот на мртов џихадист

Монструозни ѕверства спроведуваат екстремистите над недолжни цивили

 |  инфодеск  | 

На една фотографија прикажано е девојче, бебе, притиснато на земја, додека еден од џихадистите и држи нож на вратот. Девојчето е уплашено, а се верува дека неа и нејзината фамилија џихадистите на Исламската држава ги ликвидирале само затоа што припаѓале на алеви муслиманите, за кои џихадистите сметаат дека се неверници и се нивна цел, пренесува Daily Mail.

На други фотографии од телефонот се гледа како џихадистите играат фудбал со отсечени глави на своите жртви.

За фотографијата на девојчето се верува дека е направена минатиот петок, но бидејќи не нашле фотографија со нејзино обезглавено тело, постои сеуште некаква надеж дека монструмите не и го направиле тоа.

Курдските борци кои ги пронашле овие фотографии на телефоните на убиените џихадисти, девојчето го нарекле Melek, што на курдски значи ангел.

“Луѓето од Кобане очајнички сакаат светот да ги види, со свои очи, ѕверствата кои ги прават овие човечки сметови”, рекол еден неименуван извор за Daily Mail.

{loadposition content9}