Skip to main content

Apple со уште еден рекорден квартал

Додека другите компании се борат да опстанат, Apple со рекорди

 |  инфодеск  | 

Последниот квартал беше рекорден за овој период од годината, па така забележено е 39,3 милиони продадени iPhone, 12,3 милиони iPad и 5,5 милиони iMac.

Имено, минатата година во истиот период лани бројките на продадени уреди биле: 33,7 милиони iPhone, 14,08 милиони iPad и 4,57 милиони iMac, што доведе до нови профити во преполната благајна на Apple.

Акционерите се малку загрижени поради падот на продажбата на iPad, но Tim Cock се оградил со зборовите дека верува дека iPad ќе бележи пораст на одличната продажба, и дека и тие не сакаат бројките да паѓаат. Исто така, важно е да се спомене дека следната година на пазарот доаѓа Apple Watch кој полека би можел да ги замени приходите на iPod, кој сеуште се држи добро и покрај слабата продажба.

Apple забележа пораст на приходите од iPhone од 19,5 милијарди долари минатата година на 23,7 милијарди оваа година, додека приходите од iPad паднале од 6,2 милијарди на 5,4 милијарди долари, но од друга страна пак приходите од iMac компјутерите пораснале од 5,6 на 6,6 милијарди долари.

Како и да е, Apple и понатаму граби со големи чекори напред, и уште еднаш докажува дека на нив може да се смета и во иднина.

{loadposition content9}