Skip to main content

Крај за еден од најпознатите мобилни брендови

Nokia оди во историјата

 |  инфодеск  | 

Откако во 2007 Apple го промовира iPhone, бројни мобилни компании се обидоа да се прилагодат на новите трендови на пазарот кој ги постави компанијата на Jobs (телефони без физичка тастатура и со екрани на допир), но екипата од Nokia, коjа во тоа време доминираше на пазарот, сметала дека телефоните со допир никогаш нема да бидат подобри од оние со физичка тастатура. Ваквото размислување се покажа потполно погрешно и со тек на времето дојде до драстично намалување на продажбата на нивните телефони. Првите телефони со екран на допир на Nokia не се покажаа доволно конкуретни, а корисниците не беа задоволни ниту со оперативниот систем Symbian.

Оваа ситуација ја искористија конкурентите, па така Samsung на време го завзеде првото место на пазарот на паметни телефони, додека проблемите во Nokia стануваа поголеми. Кон крајот на 2010 година се чинеше дека во Nokia го пронашле решението за проблемите со носењето на Stephen Elop од Microsoft на чело на компанијата. Интересно е тоа што тогаш разни аналитичари сметаа дека Elop е тројански коњ чија цел е да ја продаде Nokia на Microsoft, а тоа се покажало и како точно со првата одлука на Elop да склучи партнерство со Microsoft во 2011 година, а било одлучено и телефоните на Nokia да работат со оперативниот систем Windows. Почетокот на крајот на овој мобилен бренд почна во септември минатата година кога Microsoft ја купи Nokia за 7,2 милијарди долари – аквизицијата е довршена во април оваа година и набрзо потоа Microsoft најави 18.000 откази, од кои најголемиот број од финската компанија.

По аквизицијата, паметните телефони и понатаму се продаваа под брендот на Nokia, но како што пренесува BBC, тоа наскоро ќе се смени и наместо Nokia Lumia, телефоните ќе се продаваат како Microsoft Lumia – и покрај договорот спрема кој требаше уште десет години да се продаваат под брендот на Nokia. Така телефоните Lumia730/735 и Lumia 830 веројатно ќе бидат последните телефони кои ќе се продаваат под името Nokia.

{loadposition content9}