Skip to main content

Ikea со решение за времето проведено во седечка положба

Нов дизајн на маса којa води сметка за здравјето на р’бетот

 |  инфодеск  | 

Проблемите со времето поминато во седечка положба и тоа како влијае на здравјето, а Ikea е позната по својата иновативност и напредни решенија па така понуди интересен концепт кој барем делумно може да ги ублажи последиците.

Компанијата се обиде да пронајде решение кое не го исклучува продолжението на работата, но овозможува да се “истегнете” или работата да ја продолжите во стоечка положба.

Новата прилагодлива маса која е наречена Bekant-Ergonomi е идеална за сите оние кои се по цел ден во канцеларија.

Имено, станува збор за маса која се прилагодува по висина, но тоа не морате да го правите рачно, туку целиот процес е автоматизиран со притискање на едно копче. Така Bekant-Ergonomi од обична канцелариска маса се претвора во работен пулт на кој ќе можете да ја продолжите својата работа во стоечка положба.

Кога ќе го одморите грбот, масата можете да ја вратите во првобитната или  во положбата која ви одговара во моментот и која ви овозможува растеретување на целото тело. Поедноставно кажано, со оваа маса која се движи по висина, можете да седите или стоите додека ги извршувате задачите на работното место.

Достапни се неколку модели, по почетна цена од 489,99 долари, на web страниците на Ikea.

{loadposition content9}