Skip to main content

Необичен потез на Skechers

Познатиот бренд на спортска опрема со нова маркетиншка кампања

 |  инфодеск  | 

Познатиот бренд за спортска опрема Skechers припрема нова маркетиншка кампања за својата линија “Relaxed Fit”, а нејзино заштитно лице ќе биде познатиот тапанар на Битлси, Ринго Стар.

Кампањата ќе вклучува серија на телевизиски спотови со хумористичен тон, а ќе се прошири и на печатените и онлајн медиумите, соопштено е од Skechers. Рекламите ќе тргнат на пролет во 2015 година.

“Ринго поседува шарм, харизма и инстантна глобална препознатливост која ќе ја подигне свеста за нашата популарна колекција Relaxed Fit во САД, а поготово во светот”, се вели во соопштението.

Ангажманот на Ринго Стар е поприлично необичен потез за Skechers, чии амбасадори се по правило познати спортисти, а екс Битлсот сигурно на никого не му буди асоцијација за патики. Ова не е прв пат компанијата да ангажира некоја музичка ѕвезда, но како што потсетува Business Insider, последниот пат тоа беше пред повеќе од десет години и тоа не се заврши добро.

Имено, Skechers своевремено за портпарол на брендот ја ангажира поп-принцезата, Бритни Спирс, која наводно не го испочитувала договорот, па целиот случај заврши на суд. Компанијата тогаш тврдеше дека поради несреќната соработка изгубила десетици милиони долари.

Skechers во минатото тромесечие оствари рекорден раст на нето продажбата од 37 % или 587 милиони долари.

{loadposition content9}