Skip to main content

“100.000 против данок за интернет”

Илјадници луѓе го осветлија плоштадот со мобилните телефони

 |  инфодеск  | 

Илјадници Унгарци протестираа во неделата поради најавениот данок на промет на интернетот кој, како што стравуваат, нема само да го подигне вкупното оданочување, туку ќе ги ограничи правата и слободите.

Владата на Виктор Орбан кои многумина ја обвинуваат за недемократски мерки, во вторникот го претстави новиот план на оданочување. Нацрт планот за оданочување предвидува давателите на услуги на интернет да плаќаат данок од 0,5 евра за 1 GB промет.

Собирањето на луѓето во неделата се организирало на Facebook каде групата брои повеќе од 210.000 фанови. Протестантите, а некои локални станици проценуваат дека ги имало околу 10.000 луѓе, се собрале пред министерството за стопанство.

“Тој потез…следува по бранот на Орбановите недомократски мерки кои Унгарците ги туркаат сѐ подалеку од Европа”, се вели во соопштението за јавност од страна на организаторите на протестот кој е наречен “100.000 против данокот за интернет”.

“Оваа мерка ќе го наруши правотo на пристап до интернет, ќе го продлабочи јазот помеѓу економски силните и слабите слоеви на унгарското општество и ќе го ограничи пристапот на интернет во посиромашните училишта и универзитети”, се додава во соопштението.

Во еден момент протестантите ги подигнале своите мобилни телефони и го осветлиле плоштадот пред министерството, а потоа прошетале до плоштадот на херојот во Будимпешта. Некои се одвоиле и до блиското седиште на партијата на Орбан и фрлале на зградата со стари делови од компјутери и притоа искршиле неколку прозорци.

Организаторите дале рок од 48 часа да се повлече спорниот предлог закон и се заканиле со нови протести во вторник.

Партијата на премиерот Орбан во соопштение објавила дека ќе поднесе амандман на тој закон и ќе го одреди максималниот износ кој би го плаќале поединци. Спрема тоа соопштение, месечниот износ би бил ограничен на 700 форинти, а давателот на интернет услуги ќе плаќа данок. Но, некои протестанти велат дека новиот данок е темел на владината погрешна политика.

“Тоа за нас ќе е два пати плаќање на данок бидејќи јас сум платил многу висок ДДВ кога сум го купил уредот, компјутерот и рутерот”, вели Atilla Sos, 43 годишен учесник во протестите на кои ја донесол и цела фамилија. 

{loadposition content9}