Skip to main content

Нови протести против данокот на интернет услугите

“Тоа нема да го дозволиме”

 |  инфодеск  | 

Повеќе од десетина илјади луѓе, по оценка на локалните медиуми, во вторник навечер повторно протестираа во Будимпешта против предлогот за воведување на данок за интернет услугите сметајќи дека тоа ќе ги загрози темелите на слободата.

“Тоа нема да го дозволиме”, извикувале протестантите во кои имало претставници од различни возрасти кои по втор пат во последните три дена излегоа на улиците на унгаската престолнина и покрај зимските температури.

Конзервативната влада на Виктор Орбан сака да воведе данок за превземање на податоци од интернет во висина од 0,5 евра по 1GB. Но, поради протестите, можно е тој данок за кој моментално расправа парламентот, да биде најмногу 2 евра месечно.

Европската комисија остро го критикуваше тој предлог со кој се сака да се ограничат темелите на слободата. “Данокот за интернет е знак на автократија на оваа влада”, порачал на протестите, Золт Варади, лидер на една унгарска социјална мрежа. Мнозинството му возвратило со повик за рушење на премиерот Орбан.

Спрема зборовите на Балаш Гулаш, еден од организаторите на протестите преку Facebook, предлогот го доведува во прашање “правото на информирање”. Слични протести во вторникот навечер се одржани уште во осум градови ширум Унгарија. Организаторите, ново собирање закажале за 17 ноември кога парламентот треба да одлучува за овој предлог.

{loadposition content9}