Skip to main content

Нивно обединување ќе биде кошмар за светската сигурност

Има стравување од потенцијално помирување на двете сурови организации

 |  инфодеск  | 

Разузнувачите и аналитичарите стравуваат од потенцијалното помирување на двете најсурови организации во светот. Имено, тие велат дека Ал Каеда ги користи воздушните напади на западните сили за да им пружи “маслиново гранче” на одметнатата организација Исламска држава. Ал Каеда така сака да ги стави настрана сите недоразбирања со другата терористичка организација и да ги здружи силите во борбата против западните сили, јавува AP.

Аналитичарите со загриженост ги следи сите обиди на Ал Каеда за помирување со Исламската држава, а иако тоа не се очекува во блиска иднина, постојат докази дека двете терористички организации соработуваат на терен.

“Она што го гледаме е дека локалните водачи склопуваат примирја. Дефинитивно постојат подрачја на кои двете групи не се борат меѓусебно”, вели аналитичарот Tom Joscelyn.

Сиријските набљудувачи за човекови права известиле дека Исламската држава и сојузничката група на Ал Каеда, Ал Нусра исто така прекинале со меѓусебни напади откако започнале воздушните напади на сојузничките сили.

Да потсетиме, Исламската држава е организација која е избркана од Ал Каеда поради непочитување на наредбите на Ayman al-Zawahiri.  Колку што е досега познато, Исламската држава сеуште не одговорила на обидите на Ал каеда за помирување.

{loadposition content9}