Skip to main content

Три причини зошто треба да се јадат лути пиперчиња

Овие намирници не придонесуваат само за вкусот на храната туку имаат и некои здравствени благодети

 |  инфодеск  | 

Ако уживате во храна која е зачинета со чили пиперчиња или феферони треба да се знае дека тие не придонесуваат само за вкусот на храната туку имаат и некои здравствени благодети. Еве три причини зошто треба од време на време да се препуштите на лутото пиперче.

-Губење на килограми –“ Горештината” во лутите пиперчиња потекнува од супстанцијата капсаицин, која докажано ја поттикнува работата на метаболизмот и ги согорува калориите. При тоа, една канадска студија покажала дека мажите кои јадат луто предјадење, до крајот на оброкот внесуваат 200 калории помалку од оние кои не јаделе луто предјадење.

-Заштита на срцето – Студијата објавена од страна на здружението American Chemical Society покажала дека капсаицинот од чилито го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта, го намалува крвниот притисок, ја зголемува циркулацијата и го спречува стеснувањето на артериите, а така го штити срцето од кардиоваскуларни болести.

-Спречува ширење на клетките на рак – Спрема некои податоци на Американското здружение за борба против ракот (American Cancer Society) постои силна поврзаност помеѓу конзумацијата на чили пиперчиња и намалувањето на ширење на ракот на простатата. Од друга страна, индијски истражувачи откриле дека куркумата содржи антиоксидант со силно антитуморско делување.

Заклучок е дека лутата храна придонесува за подобро здравје, секако, ако не се претерува. 

{loadposition content9}