Skip to main content

Видео: Работници кои работат на iPhone паѓаат од умор

Краток филм снимен во тајност во фабриката Pegatron во околината на Шангај

 |  инфодеск  | 

Иако Apple вети дека ќе ги заштити своите работници, најновото видео кој го направи BBC ја покажува суровата реалност за злоупотреба на работниците.

Краткиот, таен филм кој е снимен во фабриката Pegatron во околината на Шангај ги прикажува работниците на производствената линија на iPhone 6 кои работат во смени од по 12 до 16 часа, а скриениот репортер на BBC работел 18 дена по ред и покрај тоа што барал слободен ден.

Друг репортер од замор не можел ниту да јаде – секој момент за одмор го користел да се одмори од стрес, а филмот го прикажува токму тоа: работници кои за време на работата паѓаат во сон од умор.

Ужасните услови за работа во кинеските фабрики по прв пат испливаа на површина пред четири години кога 14 работници на Foxconn (најголемиот производител за Apple) извршија самоубиство, а Apple денес тврди дека ги превзема сите мерки за да ги заштити своите работници.

Ова видео и тоа како ги демантира:

{loadposition content9}