Skip to main content

Овие податоци звучат неверојатно

Еве колку луѓе во светот немаат пристап на интернет

 |  инфодеск  | 

Иако живееме во свет кој е најповрзан досега, многумина ќе ги изненади податокот колку луѓе немаат пристап до интернет.

Од индијските рурални подрачја, преку крајбрежните метрополи на Африка, американските предградија и азијските high-tech градови, интернет пристапот го диктира дневниот ритам на голем број луѓе.

Извештајот на McKinsey покажува дека мнозинството на светската популација, околу 60% и понатаму е off-line. Главните бариери се сиромаштвото, информатичката неписменост и непостоењето на инфраструктура.

Луѓето кои немаат пристап на интернет воглавно живеат во рурални подрачја, сиромашни се и се многу малку образовани. 50% од нив во своите држави живеат под границата на сиромаштија, а дури 64% во руралните средини, додека 28% во светот се неписмени, а секоја личност која има пристап на интернет знае да чита и пишува.

Три четвртини од луѓето кои немаат интернет живеат само во 20 држави. Така, повеќе од милијарда Индијци немаат пристап на интернет, иако имаат развиена технолошка индустрија. Скоро еден од пет американци е off-line. До 2017 година се очекува дека пристапот на интернет ќе го добијат околу една милијарда луѓе. Но, неколку милијарди сеуште ќе бидат во интернетски мрак.

{loadposition content9}