Skip to main content

Пивоварна Лашко ја продаде Раденска за 52 милиони евра

Продажбата ја потвдија на конференција за новинари

 |  инфодеск  | 

Словенечката групација за производство на пиво и минерална вода, Пивоварна Лашко, потпиша купопродажен договор во кој својот 75,31% удел во Раденска го продаде за 52 милиони евра, потврдила компанијата на конференција за новинари во Љубљана.

Договорната цена изнесува 13,59 евра за акција, а новите сопственици на Раденска се чешката компанија Kofola и словенечката P&P во сопственост на фамилијата Полич. Со договорот се предвидува, вклучувајќи ја и трансакцијата на пари, тој да се изврши во рок од три месеци.

Пивоварна Лашко навела во соопштението дека со продажбата на Раденска продолжуваат да ги исполнуваат обврските спрема банките, односно продажба на имотот поради враќање на долговите.

Најголем дел од средствата од купопродажниот договор ќе бидат уплатени на Раденска, од која Пивоварна Лашко земала големи кредити, во време додека ја водеше Бошко Шрот, некогашен директор осуден за незаконска приватизација и стопански криминал.

На меѓунарониот тендер за продажба на Раденска, најповолната понуда ја дале Kofola и P&P, здружени во конзорциум, а во сопственичката структура на Раденска учествуваат во размер 60:40%. Во име на Конзорциумот договорот го потпиша Јанис Самарас, директор на Kofola,  една од најголемите компании за производство на безалкохолни пијалоци во средна Европа.

{loadposition content9}