Skip to main content

Најбизарна апликација која се појавила досега

Бизарна апликација која го одредува датумот и причината за смртта

 |  инфодеск  | 

Имајќи во предвид дека смртта е една од најмистериозните појави во светот, многу е веројатно дека многу луѓе би сакале да го дознаат точниот датум на сопствената смрт. Можеби и не, но за сите љубопитни постои апликација која, иако такво нешто е невозможно да се дознае, сигурно добро ќе ве насмее во проценката на датумот и причината за вашата смрт.

Една од најбизарните апликации се вика Deathapp каде можете да го внесете своето име и презиме, како и датумот на раѓање, и таа ќе ви покаже кога и на кој начин следува вашата смрт.

Иако звучи морбидно, коментарите кои се наоѓаат на виртуелниот споменик на кое го пишува вашето име и презиме, знаат да бидат духовити и забавни.

Откако Deathapp апликацијата ќе ви го одреди датумот и причината на смртта, истото можете да го споделите на Facebook и добро да се забавувате со реакциите и коментарите на вашите пријатели.

Deathapp можете да ја испробате на следниот линк.

{loadposition content9}