Skip to main content

American Express отпушта повеќе од 4.000 работници

Главната причина за отпуштањата е глобалниот техолошки напредок

 |  инфодеск  | 

American Express оваа година ќе укине повеќе од 4.000 работни места, најави еден од директорите на таа компанија откако компанијата известила за поголеми од очекуваните трошоци и резервации за проблематични заеми.

Оваа најголема компанија за кредитни картички вработува 63.000 лица, па најавените отпуштања се околу 6% од вкупниот број на вработени. Цената на акцијата на компанијата по објавувањето паднала за 2,3%, на 85,62 долари.

American Express, кој во последните неколку години ги намалува трошоците за да го неутрализира спориот раст на приходите, објави дека расходите во четвртото тромесечие пораснале за 3,5%, на 3,6 милијарди долари, главно поради трошоци на маркетинг и плати, а вкупните резерви за губитоци по кредити пораснале за 21,5%, на 582 милиони долари.

Истовремено нето добивката била 1,45 милијарди долари, што е за 140 милиони повеќе од истиот период минатата година.

Укинувањето на работните места ќе ги опфати вработените во САД и во странство. “Активностите кои ги превземаме ќе влијаат на повеќе од 4.000 лица, а ќе чинат 313 милиони долари”, рекол финансискиот директор Jeff Campbell  за планираното укинување на работни места.

{loadposition content9}