Skip to main content

Документарец на Мартин Скорсезе ставен во фиока на неодредено време

Филм кој поранешниот американски претседател не го одобрува

 |  инфодеск  | 

Документарниот филм на режисерот Мартин Скорсезе кој го работеше за HBO TV за поранешниот, 42-ри по ред, американски претседател Бил Клинтон е ставен во фиока на неодредено време поради недоразбирања “околу контролата на филмот”, пренесуваат медиумите.

Како што наведува New York Times, проектот кој беше најавен во 2012 година е откажан поради тоа што Клинтон барал повеќе контрола над прашањата за интервјуата, како и над финалниот производ, но неговиот портпарол одговорил дека тоа тврдење е неточно. Кабловската телевизија HBO, на која требаше филмот да се прикажува, објавила дека прикажувањето нема да се случи во блиска иднина, но тоа не занчи дека нема никогаш да се прикаже.

Филмот е делумно снимен во последните две години, а во него требаше да се наоѓа и делот од филантропската посета на Клинтон на Јужна Африка. HBO во 2012 година објави дека се здружила со оскаровецот Мартин Скорсезе и дека тој ќе го режира, заедно со продуцентот Стив Бинг, филмот кој имал потполна поддршка од Бил Клинтон, а документарецот требаше да биде приказна за неговиот живот и за двата претседателски мандати, за неговиот живот по заминувањето од Белата куќа и за односот со Хилари Клинтон.

“Тој и понатаму е присутен и неговиот глас е важен за сите светски одлуки. Претседателот Клинтон сеуште претставува авторитет и светскиот политички дијалог без него не би бил ист”, изјави тогаш Мартин Скорсезе, додавајќи дека се надева дека ќе го претстави во најдобро светло 42-от претседател на САД. И Клинтон пред две години изрази воодушевување што ќе соработува со легендарниот Скорсезе и што HBО прифатил да го работи филмот.

{loadposition content9}