Skip to main content

Сообраќаен знак кој го прикажува времето во кое живееме

Најдобар можен начин да се прикаже времето во кое живееме

 |  инфодеск  | 

Милиони луѓе стануваат толку зависни од паметните телефони и Facebook така што пред да заспијат и штом се пробудат ги земаат в раце и ги прегледуваат електронската пошта и новитетите на Facebook. Исто така, со својата зависност од телефоните и Facebook не можат да се воздржат ниту при преоѓање на улица па наместо да гледаат лево-десно, нивните очи се вперени во своите уреди.

Во еден калифорниски град одлучиле да стават крај на невнимателните пешаци кои не можат да се одвојат од телефоните па поставиле знаци на кои пишува: “Главата горе! Помини ја улицата. Тогаш надогради го Facebook”. За овој интересен знак е заслужен Frank Holland од локалната самоуправа во градот Hayward и на најдобар начин го прикажал времето во кое живееме, односно времето во кое луѓето се дотолку задлабочени во своите телефони така што не го доживуваат светот околу себе. Holland, кој претходно работел во маркетинг, е заслужен за уште два необични знаци кои се поставени во Hayward – еден е: “Надолнина. Користи ги очите, кочниците и мозокот”, додека на другиот се потсетува дека ограничувањето на брзината не е само предлог за брзина со која возачите би требало да возат, туку дека во случај на голема брзина ќе платат и казна.

“Тој ги подигна стандардите кога се во прашање сообраќајните знаци”, коментирале на Cnet, а самиот Holland верува дека кога луѓето ќе ги видат овие знаци, сепак ќе поведат сметка за вниманието кое треба да го посветат додека се во сообраќај. Но, свесен е и дека ќе биде прв на удар на критики кои дел од луѓето ќе ги упатат на негова адреса за различните и несекојдневни сообраќајни знаци.

{loadposition content9}