Skip to main content

Yandex vs Google

„Јандекс“ (Yandex) денеска поднесе барање Федералната антимонополска служба да го провери Гугл за прекршување на руското антимонополско законодавство, соопшти руската интернет-компанија, пренесува INTERFAX.RU.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
Лого

 

„Јандекс“ исто така учествува во истрагата на Европската комисија која ја проучува ситуацијата со доминацијата на Гугл на Андроид платформата. „Ние сметаме дека сервисите за корисниците – како што се пребарувањето, картите, поштата итн. – треба да се одвојат од оперативниот систем Андроид“, изјавија од „Јандекс“.

presmetkaВо 2014 година Гугл забрани претходна инсталација на сите сервиси на „Јандекс“ за мобилните уреди  Fly, Explay и Prestigio. Во „Јандекс“ сметаат дека веројатноста Гугл да продолжи со таквата практика е голема.

Според податоците на Mail.ru, во јануари оваа година околу 70% мобилни интернет-корисници пристапуваа на интернет со помош на три мобилни пребарувачи: Google Chrome (27%), Android Browser (29,5%) и Mobile Safari (13%). Уделот на мобилниот „Јандекс.Пребарувач“, кој присуствува на пазарот веќе околу две години, Mail.ru го проценува на 3,9%.
Според податоците на ресурсот LiveInternet, во јануари оваа година 58,9% од рускиот пазар на интернет-пребарување било удел на „Јандекс“. Втор според уделот на пазарот (32,8%) е Гугл. Притоа уделот на Гугл постепено расне за сметка на други учесници.  

Политиката на Гугл во однос на производителите на паметни телефони од 2013 година е предмет на антимонополска истрага на Европската комисија. „Јандекс“ учествува во оваа постапка во својство на сведок.

{loadposition content9}