Skip to main content

Од потпросечен ученик до најбаран човек на светот

Еден од најопасните луѓе во светот отсекогаш сакал да биде моќен и влијателен

 |  инфодеск  | 

За главата на најбараниот терорист на светот се понудени 10 милиони долари, а еден од најопасните луѓе на денешницата, лидерот на Исламската држава Abu Bakr al-Baghdadi во младоста бил далеку од совршен, пишува Independent.

Истражувачите во Германија ископале информации за главниот човек на опасната организација кој себеси се прогласи за калиф на новата Исламска држава. Тие дознале помеѓу другото дека тој повторувал на училиште, дека не бил примен во ирачката војска поради кратковидост и дека не му успеало да се запише на право. Наместо тоа се запишал на исламска теологија, а веројатно комбинацијата на студиите и поранешните искуства допринеле за радикализација на неговите ставови.

За лидерот на ИД, освен неколку фотографии, многу малку се знае. Затоа Германците разговарале со жителите на неговиот роден град Sammara каде одел на училиште, играл фудбал на улица и давал лекции од Куранот.

“Го нарекуваа верник”, рекол за ARD еден жител на Sammara. Еден поранешен сосед на al-Baghdadi , кој сакал да остане анонимен, рекол дека тој е трет од четирите сина кои потекнува од побожна фамилија на сунитските муслимани и дека отсекогаш бил амбициозен. “Сакаше да има моќ и да биде влијателен, но сите бевме шокирани кога го видовме одеднаш како “калиф”, рекол соседот.

Тој бил просечен ученик на кого оценките не му биле доволно добри да се запише на правен факултет, а исламската теологија ја студирал осум години, но во 1999 година докторирал. Спрема пишувањето на Suddeutsche Zeitung, докторатот му помогнал да стане лидер на Исламската држава, а му овозможил да конструира “теолошко оправдание” за бруталноста на организацијата.

Од неразјаснети причини во 2004 година, al-Baghdadi го уапсила американската војска и провел 10 месеци во затвор во јужен Ирак. Се верува дека тогаш се придружил на al-Qaeda, а од 2007 година бил одговорен за исламскиот Sharia закон кој ги оправдува терористичките акти.

Некои тврдат дека бил ученик на Abu Musab al-Zarkawi, екс лидерот на al-Qaeda во Ирак кој ја воведе практиката за сечење на глави на заложниците и носење на портокалова облека.

Еден од неговите соседи рекол дека неговите другари од училиште биле убиени од страна на Исламската држава. “И тогаш тој се појавува како емир на организацијата, тоа е навистина застрашувачки”, заклучил соседот.

{loadposition content9}