Skip to main content

Бројките не лажат – Zuckerberg е генијалец

Одлуката за купување на Instagram секоја година изгледа попаметна

 |  инфодеск  | 

Mark Zuckerberg во средината на 2012 година ги запрепасти аналитичарите и корисниците на Instagram кога го објави купувањето на оваа компанија за 1 милијарда долари. Бројни корисници тогаш најавија дека ќе ги згаснат своите профили бидејќи не сакаат да користат мрежа која е во сопственост на  Facebook, додека дел од аналитичарите останаа збунети од потегот да се дадат големи пари за компанија која дотогаш не заработила ниту еден долар.

Но, не само што корисниците не ја напуштаа оваа социјална мрежа, туку веста за аквизацијата додатно го популаризира Instagram  кој забележа голем пораст на корисници.

“Одлуката за купување на Instagram секоја година изгледа попаметна”, коментирале на Mashable и последните предвидувања поврзани со идниот раст на корисници и работење на оваа компанија покажуваат дека тоа бил генијален потез на Zuckerberg. Имено, спрема аналитичарите на компанијата Cown&Co., Instagram оваа година би требало да отствари приход од 700 милион долари, додека за пет години приходот би требало да изнесува 5,8 милијарди долари. До овие бројки во Cown дошле на основа на нивно истражување поврзано со популарноста на Instagram помеѓу корисниците и огласувачите и на основа на проценката дека до 2020 година оваа мрежа ќе има 680 милиони корисници. Моменталната вредност на Instagram, спрема аналитичарите од оваа компанија, изнесува 33 милијарди долари, што е малку повеќе од Twitter чија вредност е 30 милијарди долари.

По Instagram, Zuckerberg сакаше да го купи и Snapchat која е сè попопуларна апликација за праќање на самоуништувачки пораки. Тој прво понуди 1 милијарда долари, а подоцна и три милијарди, но шефот на Snapchat, Evan Spiegel ги одби тие понуди со што се чини дека направил добар потез бидејќи вредноста на оваа компанија денес се проценува на 19 милијарди долари.

{loadposition content9}