Skip to main content

Наскоро телефоните ќе се полнат само за една минута

Пронајдена е технологија за брзо полнење на батерија

 |  инфодеск  | 

Тим на Универзитетот во Тел Авив, задолжен за нанотехнологија, сосем случајно при истражување на алцхајмеровата болест, дошол до технологија потребна за брзо полнење на батерија.

Спрема нивните резултати, посебна молекула на пептид може значително побрзо, како сунѓер, да впие електрично полнење, за разлика од обичните батерии на денешните паметни телефони. Компанијата која ќе ја развива оваа нова батерија се вика StoreDot, чие седиште е исто така во Израел.

За жал оваа батерија ќе има еден недостаток, а тоа е помал капацитет од постоечките, но ако е возможно да се наполни за една минута тогаш тоа ќе биде сосем прифатлива замена за капацитетот.

“Полначот за оваа батерија не како другите. За да се наполни батеријата за една минута во оваа батерија потребно е да се внесе многу повеќе енергија а моментално ниту еден од постоечките полначи тоа не може да го сервисира. Затоа направивме многу силен полнач, ценовно прифатлив  кој ќе биде доволно мал за да се стави и в џеб”, стои во соопштението на овие научници.

За да овој полнач ја работи својата работа, на телефонот ќе мора да се инсталира посебен софтвер за батеријата да се полни што поефикасно.

Добрите вести се дека не сме многу далеку од тоа оваа батерија да стане реалност и неизбежен дел од идните мобилни телефони бидејќи до крајот на годината би можела да биде составен дел на паметните телефони, а StoreDot моментално соработува со 15 различни производители.

{loadposition content9}