Skip to main content

Реклама која предизвика многу контроверзи во светот

Телевизиската реклама за најтенкиот телефон на светот е забранета

 |  инфодеск  | 

Телевизиската реклама за “најтенкиот телефон во светот” на компанијата Kazam е забранета во Велика Британија. Причина за тоа е бидејќи со маркетиншкиот потез “жените се претставени како објекти”, а сцените се “сексуално сугестивни”, тврдат критичарите.

Агенцијата за стандарди при рекламирањето реагирала на “сексуално сугестивните” сцени кои би можеле да бидат “навреда за некои од гледачите”.

На рекламата се примени осум приговори бидејќи била претерана “сензуалноста на жената”, а компанијата наведува дека само се обидела да истакне колку е тенок нивниот телефон.

“Поголем дел од рекламата е фокусиран на актерката во долна облека, вклучувајќи и сцени во кои во крупен кадар се гледаат нејзините гради, позадина и усни, што го сметаме за сексуално сугестивно”, истакнале од Агенцијата.

Исто така, додале уште неколку причини дека рекламата е непримерна, како и примероците зошто не е допуштено да се прикажува рекламата.

“Освен тоа, ефектите се засилени со сугестивна музика и начинот на изведба на текстот, особено што фокусот е на жената и не е од никакво значение за рекламираниот производ”, пишува во образложението на Агенцијата.

Рекламата е подолу во видеото и можете сами да процените за што се работи.

{loadposition content9}