Skip to main content

Добивала милиони да “прогледува низ прсти”?

Потенцијалната идна кандидатка за американски претседател повторно во центарот на вниманието

 |  инфодеск  | 

Во моментот кога се очекува екс првата дама и државен секретар на САД, Хилари Клинтон да ја објави кандидатурата на претстоечките претседателски избори, протекоа информации дека на сметката на фондацијата на Клинтон пристигнувале милиони долари од странство за време на нејзиното лидерство на американската дипломатија.

Во јавноста се поставува прашање – Дали Клинтон била во конфликт на интереси водејќи ја надворешната политика на САД спрема државите кои богато ја наградувале нејзината фондација.

Washington Post овие трансакции ги нарекува – трговија со влијанието, земајќи го во предвид договорот со Обама спрема кој Клинтон можела да прима уплати само од земји кои ја спонзорирале пред да стане секретар, но не и од земји кои се заинтересирале откако дошла на позицијата државен секретар.

Доларите наводно доаѓале од седум земји – Кувајт, Катар, Оман, Алжир, Австралија, Норвешка и Доминиканска Република. Соработниците на Клинтон признале дека примиле половина милион долари. Паралелно со тоа, истата сума ја потрошиле на лобисти кои требале да го уверат Вашингтон да прогледа низ прсти на кршењата на човековите права во тие земји.

Донацијата му помогнала и на Катар да дојде до средиштето на американската политичка моќ иако беше поврзан со Хамас кој САД го сметаат за терористичка организација.

Оваа статија во некоја рака доаѓа како продолжение на информациите од WikiLeaks спрема кои поранешната американска државна секретарка со своите и со спонзорите на Обама осигурувала концесии за експлоатација на нафтени полиња и покрај противењата на локалните жители.

{loadposition content9}