Skip to main content

Во Украина повторно пукање и крвави борби кај Мариопул

Борбите не стивнуваат за стратешкото пристаниште Мариопул

 |  инфодеск  | 

Селото Широкино, 10 km источно од Мариопул, претрпело разорувања околу патот кои ги дели позициите помеѓу завојуваните страни кои се оддалечени околу 700 m., известува новинар на AFP.

Борбите се водат секојдневно со топовски и тенковски оган, рекол еден од сепаратистите со војничко име Карас.

Набљудувачите на Организацијата за европска сигурност и соработка (OESS) на терен виделе три украински тенкови како стрелаат кон сепаратистичките позиции во Широкино, на што бунтовниците одговориле со тенковски гранати кои паѓале во близина на украинските позиции, се наведува во соопштението објавено вчера.

Бунтовниците тврдат дека контролираат околу 30% од селото, главно упориште на Украинците пред Мариопул, пристаниште на брегот на Азовското море каде многумина се плашат дека токму тука ќе има голема офанзива.

Завземањето на тој индустриски град со 500.000 жители е потребно за воспоставување копнена врска помеѓу Русија и Крим, украински полуостров кој Русија го припои пред една година, но овој град е важен и за Украина за нивни витални потреби.

Тројца бунтовници загинале, а шестмина се ранети во Широкино во последните 24 часа, објавено е на официјалната мрежна станица на проруските бунтовници.

Сепаратистичките сили во петокот известиле за 33 напади на владините сили во последните 24 часа на Широкино и воздушната база во Доњецк која во февруари падна во рацете на бунтовниците по повеќе месечни борби.

Во редовите на украинската војска нема загинати, но тројца војници се ранети, рекол портпаролот на украинската војска Андреј Лисенко. Позициите на украинската војска се гранатирани од повеќецевни фрлачи Град, по прв пат во последните месеци, додал тој.

Двете страни меѓусобно се обвинуваат за повреда на договорот од Минск 2 потпишан во февруари во белоруската престолнина со посредство на францускиот претседател Франсоа Олан и германската канцеларка Ангела Меркел.

{loadposition content9}