Skip to main content

Гордоста на Италија преминува во кинески раце

Симболот на италијанската преработувачка индустрија е стар 143 години

 |  инфодеск  | 

Кинеската компанија China National Chemical Corp (ChemChina) го купува италијанскиот Pirelli, петти по големина производител на гуми во светот, за 7,1 милијарди евра.

Договорот со кој 143 години стариот симбол на ителијанската преработувачка индустрија паѓа во кинески раце го направија во неделата акционерите на Pirelli. Државната компанија ChemChina, на чие чело се наоѓа Ren Jinxin, со тоа би добила пристап до технологијата за производство на гуми со врвен квалитет, што би и помогнало на Кина, покрај секторите како телеком и интернет, да ја развие и својата автомобилска индустрија.

За возврат, Pirelli, чии гуми се наоѓаат на болидите од Ф1, ќе добие повеќе простор за конкурирање на големите ривали како Michelin и Continental, кои бараат прилика за раст во Азија.

Спрема договорот, ChemChina делот за производство на гуми China National Tire&Rubber прво ќе купи 26% од италијанската холдинг компанија Camfins, која е сопственика на Pirelli, а потоа ќе даде понуда за остатокот акции. Кинеската компанија ќе понуди 15 долари по акција, со што ја вреднува целата групација на Pirelli на 7,1 милијарди евра, во што не е вклучен нето долгот од скоро една милијарда евра, колку што изнесувал на крајот од 2014 година.

Акцијата на Pirelli во петокот, кога се проширија во јавноста условите на договорот, на Миланската берза забележала скок на цената на 15,23 евра, најголема во последните 25 години, што е знак дека пазарот проценува дека понудата за превземање на Pirelli ќе биде подобрена. 

{loadposition content9}