Skip to main content

Грција во април останува без пари?

Дополнителна потешкотија e кредитот за наплата на 9-ти април

 |  инфодеск  | 

Само благодарение на краткорочните задолжувања од ентитети од јавниот сектор, Грција без помош може да издржи само до 20-ти април, изјавил за Reuters неименуван извор.

Германскиот весник Frankfurter Algemeine Zeitung објави дека грчката влада има пари за исплата на плати и пензии само за уште две недели, односно до 8-ми април, а тогаш влегуваат во критична фаза.

Спрема овие предвидувања, Грција до 20-ти април може да остане без пари, а во прилог не е ниту фактот дека на 9-ти април доаѓа наплата од 465 милиони евра кредит кај Меѓународниот монетарен фонд, кој со големи потешкотии ќе се отплати.

Американскиот милијардер George Soros смета дека на Грција деновите ѝ се избројани, во финансиска смисла.

Во разговор за Bloomberg славниот милионер истакнал дека во моментов Грција има 50% шанси да ја напушти еврозоната. “ Тоа е губитничка игра. Грција веќе долго е проблем кој е воден погрешно од самиот почеток од сите страни”, изјавил Soros.

{loadposition content9}