Skip to main content

На Costa Concordia мафијата превезувала скриена и вредна пратка

Крузерот удри во карпа и делумично потона, но пратката на мафијата не е пронајдена

 |  инфодеск  | 

На италијанскиот крузер Costa Concordia кој се насука кај островот Giglio во 2012 година кога загинаа 32 лица, се наоѓала и голема пратка на кокаин во сопственост на италијанската мафија.

Ndrangheta, озогласена криминана група од Калабрија, сокрила голема пратка од својата дрога на крузерот, пишува Independent. Италијанската полиција покренала голема акција со која се обидува да ја истражи големата трговија со дрога на групата Ndrangheta. Освен бродовите на Costa Cruiser, калабриската мафија превезувала и преку норвешкиот превозник Norweigian Cruise Lines, која крстари по Европа, Северна Америка и Карибите, откриле полициските истражители.

Полицијата од Фиренца открила и како дрогата е внесена на Concordia без знаење на офицерите и официјалните лица на компанијата, но скоро е сигурно учеството на еден или двајца членови на екипажот. Дрогата никогаш не е пронајдена.

Concordia со повеќе од 400 патници и членови на екипажот, делумично се преврте во јануари 2012 година во непосредна близина на островот Giglio, откако капетанот изведе рискантен маневар поради кој огромниот крузер удри во карпа во близина на брегот. Карпата направи голема дупка во трупот од бродот и тој почна да тоне.

Во февруари оваа година, капетанот на Concordia, Francesco Schettino, е прогласен за виновен за убиство од немарност, предизвикување на бродолом и напуштање на бродот пред патниците. Осуден е на казна затвор во траење од 16 години. Concordia минатата година во јули е пренесена во Џенова.

{loadposition content9}